Бизнисите во САД ги зголемиле платните списоци во февруари, додека стапката на невработеност останала иста како и во јануари - 8,3%.
Според денес објавениот извештај на владиниот Оддел за труд, минатиот месец биле отворени 227.000 нови работници. Извештајот истовремено го ревидира и бројот на нововработени во јануари, зголемувајќи го на 284.000.
Се` до февруари, пет месеци по ред, стапката на невработеност бележеше опаѓање, укажувајќи дека најголемата економија во светот закрешнува од најтешката рецесија што ја погодила државата уште од времето на Големата Депресија 1930-тите.
Владата наведува дека се` повеќе луѓе почнале повторно да бараат работа во февруари, онака како што се отворале нови места. Нововработени има и на високо платените, и на пониско платените места, а највеќе во професионалните и деловни услуги, здравствениот и угостителскиот сектор.