Линкови за пристапност

Неочекуван пораст на невработеноста во САД


Американскиот Оддел за труд во четврток кажа дека бројот на нови пријави на невработеност се зголемил за 19 илјади минатата недела достигнувајќи цифра од 479.000 – највисоко ниво од април

Американски извештај вели дека неочекувано пораснале иницијалните барања за бенефиции заради невработеност, индицирајќи дека некои работодавци не се многу расположени за вработување, додека други и натаму кратат работни места.

Американскиот Оддел за труд во четврток кажа дека бројот на нови пријави на невработеност се зголемил за 19 илјади минатата недела достигнувајќи цифра од 479.000 – највисоко ниво од април. Економистите очекуваа баквите барања да паднат на 455.000.

Американската невработеност останува висока, задржувајќи го опоравувањето на економијата од длабоката рецесија. Одделот за труд ќе извести за стапката на невработеност за јули во петок. Економистите предвидуваат дека стапката ќе порасне на 9,6 проценти од 9,5 проценти во јуни.

Друг фактор што го забавува опоравувањето е потрошувачката на консументите. Американските трговци известуваат дека и покрај големите попусти тешко оди продавањето на летните залихи.

Најголемо опаѓање на продажбата се забележува кај тинејџерската стока, но неколку компании, кои продаваат стока на големо и поевтино забележале пораст на продажбата.

XS
SM
MD
LG