Линкови за пристапност

Рекорден број Американци напуштиле работа во август, објави Одделот за труд


Рекорден број на Американци напуштиле работа во август, објави Одделот за труд на САД.

Според извештајот што го пренесе Асошиетед прес, отказите скокнале до 4,3 милиони во август, највисока бројка од декември 2000-та година. Тоа е речиси три проценти од работната сила во државата.

Извештајот покажува дека бројот на достапни работни места паднал на 10,4 милиони, од рекордно високи 11,1 милиони претходниот месец.

Податоците силно сугерираат дека една од причините за ваквата состојба е брзото ширење на делта варијантата на ковид-19.

Голем дел од отказите се во рестораните и хотелите, а ги има и во малопродажбата и образованието.

XS
SM
MD
LG