ВАШИНГТОН —
Годишната стапка на раст на американската економија изнесува 4.2 проценти во април, мај и јуни.
„Економијата е во добра состојба“, изјави економистот Гас Фачер, кој нагласи дека овој е надобар пораст изминативе три години.
Но, тој вели дека растот над четири проценти е неодржлив, и тој ќе забави во втората половина на 2018-та година.
Се предвидува дека економскиот раст ќе продолжи да забавува во 2019-та и 2020-та година.
Сегашниот пораст се должи на намалениот увоз, конкретно на петролеум, како и поради некои други привремени фактори.
Facebook Forum