Линкови за пристапност

Најсилен растеж на американската економија последниве четири години


Американската економија пораснала за 4,1 процент годишна стапка во вториот квартал, што е најбрз растеж за последниве четири години, извести Одделот за стопанство во петочниот извештај.

Растежот од вториот квартал на бруто домашниот производ – мерка за добра и услуги произведени во САД – е најсилен од 2014-та кога покажа стапка од 4,9 проценти во третото тримесечје, и е на линија на очекувањата на економистите.

Аналитичарите антиципираа дека 1,5 трилион долари даночни олеснувања на претседателот Трамп, што влезе во сила на почетокот на годината, ќе даде поттик на економијата охрабрувајќи ја малопродажбата и бизнис инвестициите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG