Линкови за пристапност

Одделот за правда ја засилува борбата против МС-13


Главниот правобранител на САД, Џеф Сешнс во понеделникот и формално ја прогласи уличната банда со седиште во Ел Салвадор, позната како МС-13, како приоритет на програмата на Одделот за правда која се бори против трговијата со дрога и перењето пари.

Назначувањето ќе им овозможи на органите кои се борат со организираниот криминал да ги засилат напорите во борба со бандата, со законските одредби познати како РИКО.

Со околу 30.000 членови, вклучувајќи и 10.000 во САД, MС-13 е единствената улична банда назначена од Одделот за финансии како транснационална криминална организација.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG