Претседавачот со Комисијата за судство во Претставничкиот дом денес се среќава со официјални претставници од Одделот за правда. Целта е да го решат недоразбирањето околу пристапот до неревидираниот извештај на специјалниот советник Роберт Мулер.
За утре е закажано гласање да може судија да му нареди на главниот правобранител Вилијам Бар да го предаде целиот извештај, откако претходно тој одби тоа да го стори.
Ова претставува ескалација на поделбата меѓу Претставничкиот дом, контролиран од демократите, и претседателот Доналд Трамп и неговата администрација.
Извештајот на Мулер заклучи дека ниту Трамп, ниту кој било од неговата кампања, соработувале со Русија за време на претседателските избори во 2016 година, со цел да се обезбеди негова победа.
Facebook Forum