Линкови за пристапност

Новиот секретар за одбрана на САД на прво меѓународно патување во Монголија


Местоположбата на оваа држава, која се наоѓа меѓу Русија и Кина, е една од причините зошто таа е од големо значење за САД изминативе години

Секретарот за одбрана на САД Марк Еспер е во Улан Батор, Монголија, како дел од неговото прво меѓународно патување откако дојде на оваа функција минатиот месец.

Монголија не е традиционална дестинација за посета на американските секретари за одбрана. Чак Хегел беше последниот секретар за одбрана што ја посетил оваа држава во 2014-та година.

Местоположбата на Монголија, која се наоѓа меѓу Русија и Кина, е една од причините зошто таа е од големо значење за САД изминативе години.

„Ако се земе предвид локацијата и нејзиниот интерес да работи со нас повеќе, се причините зошто сакам да одам и да се ангажирам таму“, рече Еспер пред да отпатува.

Од јануари 2018-та година, Пентагон имплементира Стратегија за национална безбедност, која става приоритет на заштита на САД од Кина и Русија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG