Линкови за пристапност

Секретарот за одбрана на САД рече дека не поддржува ангажирање на војската за справување со протестите


Ова е последна опција, која би требало да се користи само во најитни ситуации, рече Еспер на брифинг во Пентагон

Секретарот за одбрана на САД Марк Еспер, вели дека не поддржува ангажирање на војската за справување со протестите, како што предложи претседателот Доналд Трамп.

На брифинг во Пентагон, Еспер рече дека не поддржува активирање на законот, кој би му дозволил на Трамп да распореди војници на улиците за расчистување на протестите, кои почнаа по смртта на Џорџ Флојд, како последица на полициска бруталност во Минеаполис, Минесота.

„Ова е последна опција, која би требало да се користи само во најитни ситуации. Сега не се наоѓаме во такви ситуации“, рече тој.

Еспер, исто така, нагласи оти не бил информиран дека ќе биде дел од настанот пред црквата спроти Белата куќа, пред која претседателот Трамп се фотографираше со библија в раце, додавајќи дека сака да го држи Одделот за одбрана настрана од политиката.

Тој ја осуди постапката на полицајците во Минеаполис, која доведе до смрт на Флојд.

Еспер рече дека се надева оти ќе види мирни протести во чест на Флојд, кои ќе поттикнат одговорност за неговата смрт и расизмот во Америка.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG