Американскиот Оддел за финансии потврди дека националниот долг за прв пат го надмина износот од 16 трилиони долари. Тоа би значело дека на секој маж, жена и дете во САД отпаѓаат по 50.000 долари во долгови.
Иако ова беше очекувано, САД со тоа се поблизу до легалната дозволена граница на задолженост од нешто под 16,4 трилиони. Официјални лица велат дека САД најверојатно ќе ја достигнат оваа вредност подоцна годинава. Доколку законодавците не усвојат нова легислатива за подигање на крајната граница на задолженост, на САД нема да им биде дозволено да позајмуваат пари за да ги подмират своите сметки.