Линкови за пристапност

Прва претседателска дебата меѓу Клинтон и Трамп


Првиот од трите тв-дуели можно да привлече 100 милиони гледачи.

Влогот за двајцата кандидати е огромен. Гледачите не само што ќе обрнат внимание за тоа што ќе се каже, туку и како ќе се каже, но и на начинот на кој кандидатите реагираат еден на друг.

Дебатата ќе биде клучен момент за републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, којшто изминатиов период ја стесни разликата во водство на демократката Хилари Клинтон, делумно заради тоа што себеси се претстави подисциплинирано од порано. Пред симпатизерите во Флорида, една од клучните таканаречени „неопределени“ сојузни држави, тој се фокусираше и на неговата главна тема - дека ќе ја направи Америка повторно силна и безбедна.

Клинтон на денешната дебата гледа како можност да ги охрабри своите поддржувачи и да ја промовира нејзината порака за постоење на посеопфатна економија. Во обраќање во Орландо, Флорида, таа истакна дека „во САД, најдобрата земја во светот, веруваме дека секој е создаден за подеднакви можности“.

Првите телевизиски претседателски дебати започнаа во 1960-та година со Ричард Никсон и Џон Кенеди.

XS
SM
MD
LG