Линкови за пристапност

Остра реторика меѓу Клинтон и Сандерс воочи изборите во Њу Хемшир


Ги судрија ставовите околу посветеноста да и` се помогне на средната класа и влијанието на моќните корпорации

Жестока дебата меѓу демократските претседателски кандидати, на неколку дена од оддржувањето на партиските избори во Њу Хемшир.

Поранешната државна секретарка, Хилари Клинтон и сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, ги судрија ставовите околу посветеноста да и` се помогне на средната класа и влијанието на моќните корпорации.

Според најновите анкети воочи изборите во Њу Хемшир, Сандерс води пред Клинтон со 16 поени.

Порано неделава, Хилари Клинтон извојува тесна победа на прелиминарните избори во Ајова.

XS
SM
MD
LG