Демократските претседателски кандидати, на вчерашната последна дебата пред изборите во Ајова во февруари, се спротивставија околу бројни прашања, меѓу кои за трговија, здравствено осигурување и надворешна политика.
Ти го критикуваа и претседателот Доналд Трамп и најновите тензии со Иран.
Поранешниот потпретседател Џо Бајден рече дека е изгубена поддршката од сојузниците, додека загриженсот од ескалација на односите со Иран изрази и сенаторот од Вермонт Берни Сандерс.
Градоначалникот од Индијана Пит Бутиџеџ, пак, рече САД можат да останат инволвирани без да испраќаат нови трупи. Сенаторката од Масачусетс Елизабет Ворен смета дека треба да се повлечат американските војници од Авганистан.
Бизнисменот Том Стајер верува дека е време за нов пристап кон националната безбедност.
Facebook Forum