Линкови за пристапност

Трамп вети раст на економијата за пет отсто, Клинтон повисоки даноци за богатите


На вчерашната последна претседателска дебата, тие ги спротивставија нивните планови за економијата и имиграцијата во САД

Претседателските кандидати Хилари Клинтон и Доналд Трамп, на вчерашната дебата во Лас Вегас, по трет пат ги спротивставија нивните планови за економијата и имиграцијата во САД.

Трамп ја понуди неговата вештина за бизнис како начин економијата да порасне за пет до шест проценти, доколку тој биде избран за претседател.

Тој уште еднаш вети дека ќе направи економска машина „каква што не е видена со децении.“ Трамп не даде конкретни примери како планира да го исполни тоа.

Клинтон рече дека нејзините планови вклучуваат „следење на правецот на парите“.

Таа вети дека ќе ги покачи даноците за богатите и за големите корпорации, и оти ќе осигура тие да „платат тоа што го должат“.

Трамп го одбегна прашањето дали ќе ги зголеми даноците, кои можеби ќе бидат потребни за програмите како „Медицинска заштита“ и „Социјално осигурување“, кои се очекува наскоро да останат без пари.

На крајот на дебатата, Клинтон порача:

„Сите Американци, демократи и републиканци, да ја развиваат државата за сите“, додека Трамп уште еднаш го повтори неговиот слоган, ветувајќи дека ќе ја направи Америка силна повторно.

XS
SM
MD
LG