Белите супремисти за во недела, на 12-ти август, најавија протест пред Белата куќа, на годишнината од минатогодишниот митинг на Обединете ја десницата (Unite the Right ), што се одржа во Шарлотсвил, сојузната држава Вирџинија. Во насилството што уследи потоа, загина едно лице, учесник во контрапротестите.
Oваа група, според нејзината интернет страница, ќе демонстрира за, како вели, „граѓанските права на белците“.
Истовремено, исто така во Вашингтон, се организира и контрапротест - од коалиција на левичарски групи. Нивната цел, според веб-страницата, е обединување против фашизмот, антисемитизмот, исламофобијата, надмоќноста на белците и државното насилство. Организаторите на демонстрациите воедно повикаа на протести низ САД и во американските амбасади низ целиот свет.
Информации за двата митинга планирани за в недела:
Протест: Обединете ја десницата (Unite the Right ) 2
Организатор: Џон Кеслер, основач на националистичката група на белците – „Единство и безбедност за Америка“ (Unity and Security for America). Тој беше организатор и на оригиналниот протест минатата година.
Локација: Парк „Лафајет“, во близина на Белата куќа
Времетраење: 17:30 - 19:30 часот
Очекувано присуство: 400 лица
Фокус на протестот: Активизам за про-белците и нивните граѓански права.
Контрапротест: „И натаму тука, и натаму силен митинг“
Организатор: Коалиција на левичарски групи (Shut It Down DC)
Локација: „Фридом плаза“, во непосредна близина на паркот „Лафајет“
Времетраење: 12:00-15:00
Очекувано присуство: 500-600 лица
Фокус на протестот: Обединет фронт против омраза, граници, затвор и визијата на Обединете ја десницата.
Facebook Forum