Линкови за пристапност

Белата куќа ја прекинува програмата за имигранти - ДАКА


Во меѓувреме, во Вашингтон и други градови низ САД се организираат протести

Белата куќа преку главниот правобранител, Џеф Сешнс, ја соопшти одлуката за прекин на Програмата за одложено пристигнување на деца, позната под кратенката ДАКА (DACA), која што се однесува на млади лица се нелегален престој во САД, доведени во земјата од нивните родители. Сешнс истакна дека програмата е противуставна и дека Одделот за правда не може да застане во нејзина одбрана.

И покрај зголеменото противење, според медиумските извештаи, претседателот на САД Доналд Трамп е се` понаклонет да ја прекине оваа програма, со која изминативе пет години, од депортација се штитат стотици илјади имигранти.

Официјални лица изјавија дека притоа ќе има продолжување од шест месеци, со што на Конгресот ќе му се даде време за решавање на прашањето. Законодавците не беа вклучени во креирање на оваа програма, којашто стапи на сила преку извршна наредба на поранешниот претседател Барак Обама.

Спикерот на Претставничкиот дом Пол Рајан, и неколку други републикански законодавци, го повикаа претседателот да не ја укинува програмата. Рајан додаде дека верува оти Конгресот треба да изнајде начин за заштита на овие луѓе.

Пред Белата куќа се одржуваат протести, во знак на поддршка на ДАКА. Се верува дека преку програмата, во САД биле доведени околу 800.000 лица. Демонстрации се организирани и низ други градови во земјата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG