Линкови за пристапност

Истекува рокот за обнова на статусот на корисниците на ДАКА


Американски претставници велат дека десетици илјади недокументирани имигранти, кои во САД дошле како деца, се соочуваат со денешниот рок да поднесат документи за обнова на привремениот статус.

Во моментов е неизвесно дали ќе добијат нови работни дозволи и дали ќе ја избегнат депортацијата. Овие лица во САД се преку Програмата за одложено пристигнување на деца, позната под кратенката ДАКА (DACA), што администрацијата на претседателот Доналд Трамп минатиот месец одлучи да ја укине.

Неделава преку 100 корисници на програмата, се собраа во Конгресот барајќи двопартиска легислатива за заштита на ДАКА.

Претседателот Трамп соопштувајќи ја одлуката, на Конгресот му даде рок од шест месеци да најде решение.

Во средата, сенаторите го одржаа првиот распит на оваа тема откако претседателот најави прекин на ДАКА. Републиканците програмата подолго време ја нарекуваа противуставна.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG