Телото на американскиот конгресмен Илајџа Камингс денеска е изложено во американскиот Конгрес, една недела откако тој на 68-годишна возраст почина од компликации по долгогодишни здравствени проблеми.
Избирачи, пријатели и други ожалостени лица се собраа во средата во колеџот во родниот град Балтимор, за да се потсетат на животот на конгресменот од Мериленд, познат и како голем поборник за граѓански права и социјална правда.
Камингс водеше една од комисиите на Претставничкиот дом, која учествува во истрага за импичмент на претседателот Доналд Трамп.
Погребот на Камингс ќе се одржи в петок во Новата Баптистичка црква во Балтимор.
Facebook Forum