Линкови за пристапност

САД од утре со нова политика спрема Куба


Мерките ќе значат и ограничување за Американците кои сакаат да патуваат во оваа земја

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп, соопшти дека имплементира промени што би довеле до одлевање на „економските активности“ надвор од безбедносната инфраструктура на Куба, како и ограничувања за водење бизнис и патувања за Американците.

Државјаните на САД кои ќе сакаат да ја посетат оваа земја, ќе мора тоа да го сторат преку организирани тури, зад кои стојат американски компании. Патниците воедно мора да бидат придружувани од претставник на групата-спонзор.

Трамп ги најави промените во политиката спрема Куба на 16-ти јуни, а Одделот за финансии во случајов ќе ги изземе патувањата закажани пред овој датум.

Стејт департментот објави листа на хотели и други бизниси, за кои се вели дека се поврзани со кубанската армија. Американците имаат забрана за деловни врски со нив.

Новите мерки стапуваат на сила утре.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG