Линкови за пристапност

Обама најави отворање на амбасада во Хавана


САД и Куба се согласиле повторно да воспостават дипломатски односи нешто подоцна месецов

САД и Куба се согласиле повторно да воспостават дипломатски односи и планираат да отворат амбасади во Вашингтон и Хавана нешто подоцна месецов, соопшти денеска американскиот претседател Барак Обама.

Во рамки на обидот да се стави крај на долгогодишното непријателство, Обама и државниот секретар Џон Кери летово ќе заминат за Хавана каде што ќе го подигнат американското знаме во дипломатското претставништво. Тоа ќе биде по првпат последниве 50-тина години САД да имаат амбасада во Куба.

Американското трговско ембарго и човековите права во Куба се меѓу прашањата коишто се` уште ја блокираат нормализацијата на односите коишто прекинаа по кубанската револуција на чело со Фидел Кастро.

Обновувањето на официјалните односи е најновиот чекор во процесот откако Обама и кубанскиот претседател Раул Кастро во декември минатата година најавија обновување на дипломатските врски. Тие се сретнаа и на Панамериканскиот самит во Панама во април.

XS
SM
MD
LG