Линкови за пристапност

Куба ослободи американски државјанин


Алан Грос, американски државјанин , којшто беше во затвор во Куба
Алан Грос, американски државјанин , којшто беше во затвор во Куба

Истовремено, САД ослободија тројца Кубанци; официјални лица наведуваат дека претседателот Обама ќе најави голема промена во политиката кон Куба

Виш претставник на американската влада соопшти дека Куба го ослободила американскиот државјанин Алан Грос, којшто таму мина пет години во затвор. Според претставникот, Грос бил ослободен од хуманитарни причини. Истовремено, американски претставници наведуваат дека тројца Кубанци биле ослободени од затвор во САД.

Според официјални лица, претседателот Барак Обама денес ќе најави голема промена во американската политика кон Куба. Владата на Обама претходно има соопштено дека затворањето на Грос е главна пречка во подобрувањето на односите меѓу двете земји.

И кубанскиот претседател Раул Кастро денес треба да се обрати пред сонародниците, според кубанската државна телевизија.

Грос, којшто работеше како договорен соработник на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), беше притворен на 3-ти декември 2009-та под обвинение дека прокриумчарил опрема за сателитска комуникација во Куба и дека се обидел да воспостави тајни Интернет-услуги. Кубанските власти го осудија на 15-годишна казна затвор. Неговата сопруга во неодамнешно интервју кажа дека Грос се` повеќе се чувствувал безнадежно.

XS
SM
MD
LG