Линкови за пристапност

Нова ера меѓу САД и Куба


Некогашните непријатели во Студената војна целосно ги нормализираа односите

По преку 50-годишен прекин, САД и Куба воспоставија целосни дипломатски односи.

Рано утрово, кубанското знаме беше истакнато во холот на Стејт департментот каде што се наоѓаат знамињата на земјите со коишто САД имаат дипломатски односи.

Од денес, и кубанското знаме меѓу ние коишто се веат во Стејт департментот
Од денес, и кубанското знаме меѓу ние коишто се веат во Стејт департментот

САД и Куба од денес повторно имаат амбасади во Хавана и Вашингтон.

Кубански официјални лица, а меѓу нив и министерот за надворешни работи Бруно Родригез Парија, ќе присуствуваат на отворањето на амбасадата во Вашингтон. На настанот ќе биде и американската помошничка-државна секретарка за Западната хемисфера, Роберта Џеjкобсон, којашто играше клучна улога во преговорите меѓу двете земји.

Подоцна, државниот секретар Џон Кери ќе го прими Парија во Стејт департментот, по што е планирана заедничка прес-конференција.

Свечената церемонија на отворање на американската амбасада во Куба ќе почека се` додека Кери не ја посети Хавана, но во меѓувреме таа ќе функционира во целост.

Повторното воспоставување на односите не мина без критики. Републиканскиот сенатор Марко Рубио рече дека немало доволен акцент на состојбата со човековите права во Куба. Претходно годинава, тој кажа дека „нивното гледиште на човековите права не само што различно од нашето, туку е и целосно погрешно и неморално“.

Аналитичарот на Институтот „Американ ентерпрајз“и поранешен американски амбасадор во Организацијата на американските држави, Роџер Нориега, исто така изрази загриженост за човековите права во Куба, коментирајќи дека „требаше да ги снижиме нашите стандарди за да го кренеме нашето знаме во Хавана“.

XS
SM
MD
LG