Линкови за пристапност

САД разгледуваат начини како да им помогнат на граѓаните на Куба


Можните промени вклучуваат полесен пристап до интернет, како и зголемување на бројот на вработение во Амбасадата на САД во Хавана

САД разгледуваат потенцијални начини да им помогнат на граѓаните на Куба по антивладините протести овој месец кои беа најголеми на островот со децении наназад.

Високи официјални претставници од администрацијата на САД, анонимно за медиумски агенции изјавија дека чекорите кои се разгледуваат вклучуваат промени во испраќање пари, што ќе им овозможи на граѓани во САД да праќаат пари на нивните семејства во Куба, без Кубанската влада да зема дел од нив.

Други потенцијални активности вклучуваат начини како да се олесни пристапот до интернет, соработката со меѓународните организации за обезбедување хуманитарна помош, како и зголемување на бројот на вработени во Амбасадата на САД во Хавана.

Администрацијата на Бајден јавно нема објавено никакви активности, но спроведува ревизија на регулативите САД-Куба.

Белата куќа вчера соопшти дека неколку официјални лица се сретнале со група лидери на Американци со кубанско потекло за да ги слушнат нивните грижи и предлог - планови.

Белата куќа нагласи дека адресирањето на актуелната ситуација во Куба е врвен приоритет.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс рече дека администрацијата е загрижена за човековите права, демократијата и граѓанското општество.

Дел од информациите во текстот се преземени од Ројтерс и Асошиетед прес

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG