Линкови за пристапност

Топлото време и намалената доверба во полицијата се можни причини за зголемениот криминал во САД, велат криминолозите


Според нив, низа фактори допринеле за убиствата во повеќе градови изминативе недели

Претседателот на САД Доналд Трамп, рече дека градоначалниците и гувернерите од политичката левица, и нивните напори за укинување на фондовите за полицијата, се главните причини за зголемување на криминалот и убиствата во државата.

За таа цел, Трамп веќе почна да испраќа и федерални агенти во градовите, кои се соочуваат со висока стапка на насилство.

„Напорот да се затвори полицијата во заедниците води до шокантна експлозија од пукања, убиства и ужасно насилство“, рече Трамп, најавувајќи го испраќањето на федерални агенти во Албакерки, Њу Мексико, и во Чикаго, Илиноис.

Сепак, експертите велат дека сликата е многу покомплицирана од онаа што ја прикажува претседателот.

Иако генералната стапка на криминал се намалила поради пандемијата на КОВИД-19 и седењето дома, според нив, комбинација од фактори допринела за убистава во повеќе градови изминативе недели.

Криминолозите вели дека тешко може да се утврдат изворите на насилство, но, укажуваат на неколку фактори кои допринеле за ваквата ситуација, меѓу кои, топлото време, повеќе луѓе на улица по отворање на економиите, намалена доверба во полицијата, како и протестите по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

„Навистина има зголемување на убиствата ова лето, но, не е возможно да се каже дали причината за тоа е пандемијата или други фактори“, вели професорот Дејвид Абрамс од Универзитетот на Пенсилванија, кој го истражува криминалот за време на пандемијата.

Еве некои клучни фактори да се разбере насилството:

Каде се случуваат убиставта и пукањата?

Во просек, убиствата во 25 големи американски градови двојно се зголемиле на почетокот на јули. Чикаго има најголем број убиства, каде се регистрирани 414 оваа година.

Њујорк бележи зголемена стапка на убиства за 23 проценти годинава, додека Лос Анџелес за 14 проценти.

Сепак, историски споредено, криминалот во САД е далеку понизок од времето во 1990-тите, кога Чикаго регистрираше 943 убиства во 1992 година.

Насилството е концентрирано во одредени „епицентри“

Убиствата и пукањата најчесто се случуваат во делови од градовите, како мали и сиромашни соседства.

На пример, 28 отсто од убиствата во Чикаго се случиле во 25 окрузи во градот.

Кои се причините за насилство?

Криминолозите велат дека има неколку фактори, кои би можеле да доведат до насилство.

Еден, велат тие, е топлото време, поради што луѓето излегуваат надвор многу повеќе, а како резултат на тоа се зголемува и стапката на криминал.

Друг фактор е таканаречен „заостанат криминал“.

Многу од насилствата кои ќе се случеле во март, април или мај, се случиле во јуни и јули, поради пандемијата на КОВИД-19.

Според експертите, намалување на довербата во полицијата, исто така, е една од можните причини за зголемената стапка на насилство во САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG