Линкови за пристапност

Три киднапирани жени – најдени живи


Полицијата соопшти дека Аманда Бери, Џина Деџесус и Мишел Најт во моментов се наоѓаат во локална болница.

Бери се водела за исчезната од 2003-та и тогаш имала 16 години. 14-годишната Деџесус исчезнала една година подоцна, додека Најт кога исчезнала во 2000-та година, имала 20 години.

Властите потврдија дека тројцата браќа кои ги држеле жените како робинки се уапсени. Една од жените успеала да го привлече вниманието на сосед кој повикал полиција. На другите детали се чека по истрагата.
XS
SM
MD
LG