Линкови за пристапност

Пенс денес патува во Аризона, една од најпогодените сојузни држави


Потпретседателот на САД неделава ќе оди и во Тексас, друга сојузна држава, каде има најголемо зголемување на бројот на заразени со коронавирус

Потпретседателот на САД Мајк Пенс денес патува во Аризона, една од сојузните држави со најголемо зголемување на бројот на заразени.

„Смртната стапка е на најниско ниво досега“, рече Пенс вчера, и покрај големиот број случаи на коронавирус, додавајќи дека државата сега е во многу подобра ситуација во споредба од пред четири месеци.

Пенс рече дека Федералната агенција за управување со кризи, распоредила 26 медицински тимови во Аризона за справување со пандемијата.

Освен во Аризона, Пенс неделава ќе оди и во Тексас, друга сојузна држава, која е најмногу погодена од вирусот.

Бројот на заразени тука се зголеми за 6.975 заклучно со вчера, најголемо зголемување во еден ден од почетокот на пандемијата.

Според Пенс, сите 50 сојузни држави ги отвораат економиите, и покрај тоа што 16 сојузни држави ги вратија забраните за одредени активности.

Доктор Ентони Фаучи, водечкиот експерт во САД за заразни болести, вчера пред законодавците во Конгресот, рече дека е доста загрижен за зголемувањето на бројот на случаи на коронавирус во државата.

„Сега имаме нови 40.000 случаи на ден. Не би бил изненаден ако тој број се искачи на 100.000 заразени на ден. Многу сум загрижен“, рече тој.

Тој нагласи дека вакцина најверојатно нема да има пред отворање на училиштата во август и септември.

„Се надеваме дека ќе има до почетокот на следната година“, рече Фаучи.

Досега, има повеќе од 125.000 смртни случаи како последица на вирусот, или околу една четвртина од вкупниот број смртни случи во светот.

Многу експерти веруваат дека смртната стапка во САД е многу поголема од регистрираната.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG