Линкови за пристапност

Фаучи предупреди дека е прерано да се отвори државата


Тој, во изјава за телевизијата Ен-Би-Си, ги повика гувернерите тоа да го прават полека, ако немаат капацитет за следење на контактите на заразените

Доктор Ентони Фаучи, главниот здравствен експерт во тимот на САД за справување со пандемијата, предупреди дека е прерано да се отвори државата.

Фаучи, во изјава за телевизијата Ен-Би-Си, ги повика гувернерите, кои најавија отворање на некои бизниси, тоа да го прават многу полека, ако немаат капацитет за следење на контактите на заразените лица.

Девет сојузни држави планираат да дозволат отворање на дел од бизнисите, 16 ги укинуваат рестриктивните мерки или планираат тоа да го направат брзо, додека останатите 25 сојузни држави остануваат затворени или со рестрикции за работа на бизнисите.

Фаучи рече дека оние што планираат да ги отворат бизнисите треба да ги следат федералните мерки, и да почнат со отворање само ако две недели по ред имале намалување на нови слуачи на заразени, нешто што некои сојузни држави го немаат постигнато.

Тој нагласи дека работи со администрацијата на Трамп на проект, со цел развивање на вакцина за коронавирусот што е можно побрзо, надевајќи сека дека до крајот на јануари ќе може да се обезбедат стотици милиони дози вакцина против овој вирус.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG