Партнерството меѓу САД и Грција ги зајакнува американските интереси за стабилност и мир на Источниот Медитеран, Црното Море и регионот на Западен Балкан, порача претседателот на САД Доналд Трамп, по повод денешниот Ден на независност на Грција, кој тој го прогласи за Национален ден за славење на грчката и американската демократија.
„Ја потврдуваме нашата заложба за градење на цврсти институционални основи за промовирање на нашите врски. Горди сме што ја формиравме програмата за размена на идни лидери, која ќе допринесе за развој на образовната, културна и научна соработка меѓу двете држави“, рече Трамп, повикувајќи ги граѓаните да го прослават денешниот ден соодветно, со оглед на тоа што се забранети јавни собири поради пандемијата на коронавирус.
Државниот секретар Мајк Помпео, изјави дека сојузништвото меѓу двете држави е „посилно и поважно од кога и да било досега“.
Тој додаде дека двете држави работат на подобрување на трговските врски, како и на продлабочување на односите во делот на образованието.
Facebook Forum