Линкови за пристапност

Обама се согласи на масовна донација за армијата на Коста Рика


Претседателот на Коста Рика за донацијата рече дека е „најголема помош добиена во последниве 30 години“.

Претседателот Барак Обама се сретна со неговиот колега од Коста Рика, претседателот Луис Гилермо Солис во Белата куќа во понеделникот за финализирање на договорот што ќе испрати милиони долари вредна армиска помош на централноамериканската држава.

Со цел да се спречи организираниот криминал и трговијата со луѓе, Обама и Џо Бајден, се согласија да донираат околу 30 милиони долари во воена опрема во Коста Рика. Донацијата се состои од два карго авиони, два патролни бродови, опрема за воздушно набљудување како и биометриски софтвер кој ќе идентификува нелегални имигранти во оваа област.

Со договорот се обезбедуваат и три оклопни возила и комуникациска опрема за стражарите на Националниот парк Корковадо.

Во прилог на договорот, САД ќе овозможи и обука за одржување на крајбрежната стража за бродовите.

Солис ја нарече американската донација „најголема помош добиена во последниве 30 години“ потенцирајќи дека ова е знак на добра волја меѓу двете земји.

XS
SM
MD
LG