Линкови за пристапност

Во САД започнува да се прославува Денот на независноста


Претседателот Доналд Трамп замина во посета на Монт Рашмор во Јужна Дакота по повод раната прослава на Денот на независноста на која се очекува да присуствуваат илјадници луѓе.

САД во четвртокот објавија повеќе од 50.000 нови случаи. На четири држави - Аризона, Калифорнија, Флорида, Тексас - отпаѓаат половина од новите случаи.


Иако САД предводат во светот по број на случаи на Ковид-19, локалните власти велат дека нема планови за набљудување на социјалното дистанцирање или носењето на маски на настанот. Сепак, бесплатни маски ќе бидат достапни за оние што сакаат да ги користат.

Гувернерката на Јужна Дакота, Кристи Ноем, изјави за „Фокс њуз“ претходно оваа недела: „Ние им кажавме на луѓето кои се загрижени дека можат да останат дома“.

Вашингтон пост пренесува дека посетата на американскиот потпретседател Мајк Пенс во Аризона оваа недела е одложена од вторник за среда, откако агентите на Тајната служба кои го организирале патувањето или се разболеле од вирусот или манифестирале симптоми.

САД во четвртокот објавија повеќе од 50.000 нови случаи. На четири држави - Аризона, Калифорнија, Флорида, Тексас - отпаѓаат половина од новите случаи.

Растот на бројот на новозаболени од Ковид-19 делумно се должи на луѓето кои не носат маски или не практикуваат социјално растојание.

Во светот има речиси 11 милиони случаи на Ковид-19. САД се приближуваат до 3 милиони случаи.

Австралиските власти велат дека 10,000 луѓе во Викторија одбија минатата недела да бидат тестирани на коронавирус, бидејќи веруваат дека епидемијата не е реална и наместо тоа станува збор за „теорија на заговор“.

Њујорк Тајмс пренесува дека Австралија, која успеала да ги задржи случаите на Ковид на минимум, сега става во карантин 300.000 луѓе во главно имигрантската заедница во државата Викторија.

Индија во петокот објави нови скоро 21,000 случаи на коронавирус за еден ден, додека Јужна Африка над 8.000 случаи.

Во Мексико, медицинска компанија за снабдување започна со употреба на беспилотни летала за доставување маски, раквици и друга опрема во болниците.

Лекарите, медицинските сестри и другите медицински работници организираа протести на национално ниво поради, како што велат, недостиг на заштитна опрема.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG