Линкови за пристапност

Фаучи: Голем ризик ако прерано се отвори државата


Бројот на смртни случаи во САД надмина 20,000, со повеќе од 534,000 потврдени случаи

Врвниот експерт за инфективни болести во САД, д-р Антони Фаучи, зборувајќи за Си-Ен-Ен телевизијата, предупреди дека има „исклучително голем ризик“ од натамошно ширење на коронавирусот доколку САД повторно ги отворат бизниситеи го вратат чувството на нормалност премногу рано на 1-ви мај, за што размислува претседателот Доналд Трамп.

Трамп рече дека изборот меѓу два императиви - заштита на здравјето на Американците и рестартирање на најголемата светска економија - е најголемата одлука во неговиот живот.


Бројот на смртни случаи во САД надмина 20,000, со повеќе од 534,000 потврдени случаи. Сегашните американски модели предвидуваат дека до јули во државата ќе умрат 60,000 или повеќе.

Комесарот на Администрацијата за храна и лекови Стивен Хан за телевизијата Еј-Би-Си рече дека моделите „покажуваат дека сме многу блиску до пикот“, но предупреди дека „ова е навистина епидемија што се движи многу брзо, но треба да се земе ден по ден“ и дека е премногу рано да се каже дали 1-ви мај е денот кога ќе биде готово.

Трамп речиси секој ден вели дека сака да ја отвори државата колку е можно побрзо. Неговите економски советници упатуваат на датумот 1-ви мај, но претседателот рече дека ќе ги слуша и здравствените експерти што мислат за тоа.

Тој рече дека изборот меѓу два императиви - заштита на здравјето на Американците и рестартирање на најголемата светска економија - е најголемата одлука во неговиот живот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG