Линкови за пристапност

Откако опустоши низ крајбрежните градови, коронавирусот сега се шири во рурална Америка


Повеќе од две третини од руралните општини известија за најмалку еден смртен случај

Откако урбаните области како Њујорк, Сиетл и Лос Анџелес се приближуваат или се во пикот, инфекциите со КОВИД-19 започнаа да се зголемуваат кај малите фармерски или индустриски гратчиња низ САД.

I
I

Повеќе од две третини од руралните општини известија за најмалку еден смртен случај, и кај еден на десете забележан најмалку еден смртен случај. Тие цифри се очекува да растат експоненцијално.

Ова доаѓа како непријатно изненадување за жителите на овие мали заедници. Некои веруваат дека нивната изолираност и начин на живот ќе ги заштити. Но, вирусот патува брзо, и со движењето меѓу урбани рурални области, ширењето е неизбежно. Не е од помош и фактoт што осум сојузни држави во САД сеуште не наредиле седење дома.

Проблемот со се поголемиот број инфекции ја става рурална Америка во опасна ситуација. Руралните области вообичаено имаат постара и посиромашна популација.

Постарите жители најчесто имаат здравствени проблеми како висок крвен притисок, дијабетес или срцеви заболувања - што ги става во поголем ризик потешко да се разболат од КОВИД-19. Многумина исто така немаат здравствено осигурување или пристап до соодветна медицинска помош.

Од почетокот на епидемијата руралните болници се принудени да ги одложат операциите што не се итни или загубиле критични избори на финансирање.

Вирусот патува брзо, и со движењето меѓу урбани рурални области, ширењето е неизбежно.


Некои од нив биле принудени да затворат. Како и другите болници во државата, овие болници исто така страдаат од недостиг на заштитна опрема, респиратори и медицински персонал.

Коронавирусот силно погоди некои големи градови, но се стравува дека руралните заедници ќе ги погоди уште посилно. Надежта е дека бавното ширење на вирусот во овие заедници, им даде повеќе време да се подготват.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG