Дебатата за тоа колку е корисен лекот против маларија во лекувањето на жртвите на коронавирус во САД го става претседателот Доналд Трамп наспроти експертот за инфективни болести, д-р Антони Фаучи.
Со растење на бројот на починати од коронавирус во САД за стотици дневно, претседателот Трамп на дневните брифинзи редовно се залага за употреба на хидроксихлороквин, нарекувајќи го лекот потенцијален спасувач на животи.
„Нема што да се изгуби. Пробајте. Тоа е ваш избор и избор на лекарите во болниците", рече тој на брифинг во Белата куќа.
Фаучи, кој редовно е на неколку чекори од американскиот лидер во собата за брифинг во Белата куќа, вели дека податоците од употребата на лекот за третман на заразените од коронавирус, се „сугерирачки, во најдобар случај“, а не засновани на научни студии. Тој е долгогодишен директор на Националниот институт за алергија и заразни болести.
Facebook Forum