Секоја болница во САД наскоро може да третира случаи на коронавирус, вели владиниот Оддел за здравство во нов извештај.
Во овој момент три од четири болници третираат сомнителни или потврдени случаи и се соочуваат со проблеми како недоволно заштитна опрема, за лекари и другиот медицински персонал, и болничкиот персонал е премногу оптоварен и загрижен за својата безбедност.
Друг владин извештај, од Центарот за контрола на болести, се однесува на коронавирусот кај деца, што е најголема студија од избивањето на коронавирусот.
Таму стои дека само околу 1.7% oд сите случаи во САД се деца. Симптомите кај децата се главно слаби, но се знае дека три деца до сега умреле од коронавирус.
Резултатите од студијата се слични како оние од студија во Кина и укажуваат дека социјалното дистанцирање кај сите возрасти е многу препорачливо.
Facebook Forum