Врвните здравствени претставници на САД ги предупредија Американците дека САД ќе се соочат со шокантна цифра на смртни случаи претстојнава недела додека пандемијата продолжува да пустоши во државата.
„Ова ќе биде најтешка и најтажна недела за повеќето американски животи, отворено речено“, порача оперативниот шеф и главен портпарол за здравствени прашања во американската влада Џером Адамс за Фокс Њус Сандеј. „Ова ќе биде нашиот Перл Харбор момент, нашиот 11-ти септември момент, со таа разлика што нема да биде локализиран. Ќе се случува низ целата држава."
Доктор Антони Фаучи, директорот на Националниот институт за алергија и заразни болести, на емисијата „Соочете се со нацијата“ на CBS телевизијата, рече: „Ова ќе биде лоша недела. За некои ќе биде шокантно колку лоша“.
САД веќе имаат регистрирано 9,100 смртни случаи и 321,000 потврдени случаи на коронавирус, со предвидување од официјални лица дека со време ќе умрат 100,000 до 240,000 од пандемијата. Моделите на напредувањето на вирусот покажуваат нагло зголемување на смртните случаи во следните седум до девет дена со тоа што фаталитетот заостанува зад зголемувањето на потврдените случаи за недела или две.
„Не би рекол дека ја имаме оваа бројка под контрола. Имаме тешкотии да ја ставиме под контрола“, рече Фаучи, и покрај наредбите во 41 држава, што покрива повеќе од 90% од населението на државата од 327 милиони луѓе, да останат дома, освен за купување намирници, лекарски посети и уште неколку исклучоци.
И покрај очекуваното нагло зголемување на бројот на умрени во следните денови, Фаучи кажа дека очекува за 8 или 9 дена да дојде до израмнување, а потоа и намалување на бројот на потврдени случаи на коронавирус.
„Јасно е дека сега сме во подобра позиција отколку што бевме, со повеќе тестирања во САД, со поголемо придржување на упатствата за седење дома, и со подобро следење на контактите со други луѓе на оние кои покажале позитивни резултати за коронавирус“, рече Фаучи.
Врвните здравствени претставници на САД ги предупредија Американците дека САД ќе се соочат со шокантна цифра на смртни случаи претстојнава недела
Претседателот Доналд Трамп одби да објави задолжително седење дома, велејќи дека тоа ќе го остави на деветтемина гувернери на држави кои сеуште не повикале на таква мерка.
Фаучи рече дека луѓето во деветте преостанати сојузни држави се ставаат себе си во ризик со тоа што не се самоизолираат дури и ако нивните гувернери тоа не го бараат.
„Овој вирус не дискриминира дали некој живее во голем град или во мала заедница“, рече Фаучи.
Адамс на деветтемина гувернери, сите републиканци, им порача: „Ако не можете да ни дадете еден месец, дајте ни што можете, дајте ни една недела на наредбата за седење дома, во ова особено тешко време кога се приближуваме кон врвот во наредниве 7 до 10 дена“.
Адамс рече дека сака јавноста да знае оти тие, заедно со владите на сојузните држави и федералната влада, „има моќ да ја промени траекторијата на оваа епидемија“, со изолирање и одржување физичко растојание од барем два метра од другите луѓе кога се на јавни места.
Facebook Forum