Линкови за пристапност

Нови упатства за носење маски Американците ќе добијат во наредните денови


Трамп сугерираше дека луѓето може да стават шамија преку лицето за заштита наместо респиратори N95 кои критично им се потребни на оние во државата кои се во првите редови на борбата со пандемијата

Во Њујорк до сега има над 1500 смртни случаи, што е најмногу од сите 50 сојузни држави. Во САДсе потврдени најмногу инфекции од која била друга држава. Според податоците од Универзитетот Џонс Хопкинс надмината е бројката од 245,000 заразени и повеќе од 6,000 смртни случаи во САД. Глобално има над еден милион заразени со повеќе од 54,000 починати.

Упатствата за Американците од Центрите за контрола и превенција на болести во врска со покривањето на лицето и маските ќе бидат објавени „во наредните неколку дена“, рече потпретседателот Мајк Пенс во четвртокот.

„Не мислам дека ќе бидат задолжителни“, рече претседателот Доналд Трамп за националните упатства.

Трамп сугерираше дека луѓето може да стават шамија преку лицето за заштита наместо респиратори N95 кои критично им се потребни на оние во државата кои се во првите редови на борбата со пандемијата на КОВИД-19.

„Ако луѓето сакаат да ги носат, можат“, рече Трамп за маските кои може да имаат улога во спречување на поголемо ширење на новиот коронавирус.

На брифингот за медиумите во Белата куќа Трамп соопшти дека направил втор тест за КОВИД-1


Координаторката на работната група на Белата куќа за борба против коронавирусот, д-р Дебора Биркс, предупреди луѓето да не добијат лажна претстава дека се заштитени со тоа што носат маска и дека е поважно да се држат на дистанца еден од друг и на јавни места и често да ги мијат рацете.

Советникот на Белата куќа Џаред Кушнер кажа дека федералната влада ќе испрати на јавниот болнички систем во Њујорк 200,000 заштитни маски N95 за медицинските работници, што ќе може да ги користат до крајот на следниот месец.

На брифингот за медиумите во Белата куќа Трамп соопшти дека направил втор тест за КОВИД-19.

Тестот бил завршен за една минута и резултатите се покажале за 15 минути, според писмото објавено од лекарот на Белата куќа, д-р Шон Конли, кој рече дека резултатот бил негативен и дека претседателот „е здрав и без симптоми“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG