Линкови за пристапност

Трамп ги критикува гувернерите за пропусти во снабдувањето со медицинска опрема


Бројот на починати во САД од коронавирусот достигна 5.100 лица

Американскиот претседател Доналд Трамп застана во одбрана на напорите на националната влада како одговор на кризата со коронавирусот, пишувајќи во порака на Твитер: „Масивни количини на медицински материјали се доставуваат директно до државите и болниците“.

Бројот на починати во САД од коронавирусот достигна 5.100 лица.

Претходно некои од гувернерите реагираа дека немаат доволно медицинска опрема за лекување на илјадниците заболени од коронавирусот кои ги преплавуваат болниците барајќи медицинска помош.

Но, Трамп рече дека некои гувернери „имаат незаситни апетити и никогаш не се задоволни (политика?). Запомнете, ние сме поддршка за нив. Подносителите на жалби требаше да бидат подготвени долго пред да се случи оваа криза. Другите држави се воодушевени од работата што ја направивме“, напиша Трамп.

https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1245701858863329281

Тој рече дека националната влада „испрати многу вентилатори денес, а илјадници се произведени. 51 товарен авион доаѓаат со медицински материјали. Се преферира испраќање директно во болници. “

https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1245701859697967105

Претходно, гувернерот на Мериленд, Лери Хоган, републиканец и претседател на Националното здружение на гувернери, рече дека тврдењето на Трамп дека има доволно тестoви за коронавирус достапни низ целата земја „едноставно не е точно“.

Гувернерот Нед Ламонт од Конектикат, демократ, рече дека бидејќи снабдувањето не е доволно, а бројот на жртви во САД се зголемува за стотици на ден, „Ние сме оставени сами на себе“.

Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, демократ, рече дека борбата да се стигне до респиратори е како „да се биде на Е-беј со 50 други држави, а да се наддава за респираторите“, честопати натпреварувајќи се против федералната влада.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG