Линкови за пристапност

Трамп размислува за стопирање на авионските летови меѓу жариштата на коронавирусот


Американскиот претседател Доналд Трамп во средата ја отфрли директивата за национално затворање дома, но кажа дека може да им наложи на авиокомпаниите да престанат да летаат меѓу жешките точка на коронавирус.

„На брифинг со новинарите во Белата куќа тој рече дека се разгледува таа опција, но ако се направи тоа ќе значи уште поголем притисок врз таа индустрија која е веќе под огромен стрес.

Во еден момент на прес конференцијата тој рече :„Ние не попуштаме пред стравот“.

Американската влада проектира дека дури и ако вистински се почитуваат упатставата за социјално дистанцирање кои се во сила, наредните недели околу четвртина милион луѓе во државата ќе умрат од инфекција со КОРОНА-19.

Повеќе од 1,300 од фаталитетите се регистрирани во градот Њујорк.


Тоталната цифра на потврдени случаи со коронавирус во САД надмина 215,000 во средата со смртни случаи кои надминаа 5,000 во средата. Повеќе од 1,300 од фаталитетите се регистрирани во градот Њујорк.

Гувернерот на Њујорк Ендру Куомо кажа дека 391 лице починало од претходниот ден наваму. Тој ја спомена проекцијата на Фондацијата Гејтс дека бројот на умрени ќе стигне 16,000 во Њујорк и93,000 во целата држава.

Флорида, дом на 21 милион луѓе, стана една од последните држави кои наредија седење дома до крајот на април, од страна на гувернерот. Пенсилванија, Невада и Мисисипи исто така издадоа вакви наредби во средата.

Некои жешки точки на КОВИД-19 во други држави, како Луизијана, уште една јужна држава, „експлодираат“, рече Трамп во средата пред новинарите.

Запрашан од Гласот на Америка дали работната група за коронавирус предводена од Потпретседателот Мајк Пенс спречува испраќање на заштитна опрема за странство за да обезбеди САД да ги зачуваат во државата предметите што дома им требаат, Трамп рече декаво тоа нема вистина. Но тој потврди дека националните стратегиски резерви на таква опрема се речиси потрошени.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG