Линкови за пристапност

Разрешен раководител на дом на ветерани каде починаа 11 лица


Официјални лица во североисточниот дел на американската држава Масачусетс соопштија дека раководител на државен дом на ветерани е разрешен откако во понеделникот беше објавено дека единаесет жители на домот починале, вклучително најмалку пет лица кои позитивно биле тестирани на коронавирус.

Претставници на државните ветерани велат дека во тек е тестирање и за најмалку пет други лица, кои починале во војнички дом во Холиоке, на околу 140 километри западно од Бостон.

Државните власти соопштија дека раководителот на домот, Бенет Волш, бил на платено административно отсуство, а гувернерот на Масачусетс, Чарли Бејкер, во порака на неговиот профил на Твитер, рече дека јавните здравствени експерти вршат преглед на домот и на процедурите.

Заменик-секретарот за здравство, Ден Саи, рече дека одделот формирал тим за клинички команди на лице место составен од медицински, епидемиолошки и оперативни експерти одговорни за сеопфатен и брз одговор на појавата на КОВИД-19.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG