Светската здравствена организација предупреди дека САД наскоро би можеле да станат епицентар на пандемијата.
Портпаролката на СЗО, Маргарет Харис, на прес конференција во Женева укажа на растот на случаи во САД.
„Сега забележуваме големо забрзување. Значи, има потенцијал“, рече Харис. „Не можеме да речеме дека тоа е случај сега, туку дека има потенцијал.“
Харис рече дека САД имаат „многу голема епидемија чиј раст добива на интензитет, според статистиката на СЗО, која укажува дека има повеќе од 42.000 инфицирани во САД. Некои експерти велат дека вистинскиот број е многу поголем.
Харис рече дека 85% од новите случаи ширум светот во текот на изминатите 24 часа биле потврдени во САД и Европа. Четириесет проценти од овие нови случаи беа во САД, рече таа.
Facebook Forum