Линкови за пристапност

Коронавирусот е под контрола во САД тврди Трамп


Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави во вторникот дека состојбата со коронавирусот во САД е „под контрола“, иако неговата администрација побара од американските законодавци 2,5 милијарди американски долари вонредни средства за решавање на проблемот.

Демократите во Конгресот упатија критика дека администрацијата на Трамп не успеала брзо да одговори на ширењето на вирусот, вклучително и лично ширење лажни информации кога Трамп изјави дека коронавирусот ќе запре во април кога времето станува потопло.

Глобалната здравствена криза е уште една битка во војната меѓу Трамп и Капитол Хил, откако демократите не успеаја да го отстранат претседателот на судењето за импичмент во Сенатот.

Барањето на администрацијата на Трамп за 2,5 милијарди американски долари за борба против коронавирусот беше испратено до американскиот Конгрес во понеделникот.

Тоа предалага 1,25 милијарди американски долари за нови фондови за итни случаи и 1,25 милијарди американски долари средства што ќе бидат пренасочени од другите федерални програми.

Администрацијата исто така бара од американските законодавци да префрлат 535 милиони долари за финансирање за третман и превенција на вирусот ебола за решавање на коронавирусот.

Демократите велат дека стратегијата е несоодветна и задоцнета.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG