Светската здравствена организација (СЗО) вели дека пандемијата на коронавирус е далеку од завршена, иако има подобрувања во некои држави, како во Кина и Јужна Кореја.
„Ова ќе биде долга битка. Треба секоја држава да реагира соодветно на локалната ситуација“, соопшто СЗО.
Кина денес регистрираше нов смртен случај, и 48 нови заразени, од кои сите се од надвор. Јужна Кореја, пак, објави 125 нови случаи.
СЗО истакна дека нема доказ оти покачувањето на темературата во претстојниот период би можела да го забави ширењето на вирусот, како и дека не знае колку долго би можела да трае пандемијата.
Лаос и Мјанмар ги регистрираа првите случаи на КОВИД-19 минатата недела, иако здравствените работници стравуваат оти можеби имаат поголем број, со оглед на недостиг на тестови.
Организацијата вели дека сите влади треба да преземаат активни мерки за да се спречи ширењето на вирусот.
Оттаму велат дека некои официјални лица се надеваат дека државите во моментот ги преживуваат најлошите последици од пандемијата, меѓу кои Италија и Шпанија, и оти тие брзо ќе се стабилизираат.
Њујорк е епицентар на епидемијата во САД, со повеќе од 900 смртни случаи, додека болниците се обидуваат да се справат со големиот број пациенти.
Сепак, нагласува СЗО, вирусот нема да сам да исчезне, и оти владите треба да преземат мерки да го намалат бројот на заразени.
Шпанија, заклучно со вчера регистрираше 849 смртни случаи, додека САД имаат најголем број регистрирани слуачи на заразени.
Њујорк е епицентар на епидемијата во САД, со повеќе од 900 смртни случаи, додека болниците се обидуваат да се справат со големиот број пациенти.
Според статистиката на Универзитетот Џонс Хопкинс, вкупниот број на заразени во САД изнесува 164.000, со повеќе од 3.100 смртни случаи, заклучно со денес.
На глобално ниво, пак, има 787.000 потврдени случаи на КОВИД-19, со најмалку 166.000 лица излечени лица.
Јапонија ги повикува граѓаните да не патуваат во држави, како САД, Кина и Јужна Кореја, додека Виетнам планира да воведе целосна излолација во наредните две недели, со забрана луѓето да се собираат во групи поголеми од две лица.
Facebook Forum