Линкови за пристапност

Уште 6,6 милиони Американци бараат финансиска помош поради невработеност


Со ова бројот на работници кои бараат финансиска помош се искачи на скоро 17 милиони за три седмици

Уште 6,6 милиони американски работници поднесоа барање за надомест поради невработеност минатата недела, бидејќи пандемијата на коронавирусот продолжува да нанесува тешки последици врз американската економија, соопшти во четврток Одделот за труд на САД.

Со ова бројот на работници кои бараат финансиска помош се искачи на скоро 17 милиони за три седмици, при што се очекува уште многу отпуштени работници да поднесат барања за помош во наредните недели, поради тоа што голем број големи и мали бизниси ги затвораат своите активности или сериозно ги ограничуваат.

Вкупно 6,6 милиони нови побарувања се нешто помалку од 6,8 милиони барања поднесени пред две седмици, а бројките се меѓу највисоките откако Одделот за труд започна да ги следи податоците во 1967 година.

Податоците за април, каде што ќе бидат опфатени и тековните отпуштања, нема да бидат објавени до почетокот на мај.


Со тоа што федералните власти препорачаа Американците да одржуваат барем два метра физичко растојание со други луѓе до крајот на април, деловните субјекти се принудени да ја намалат работата или да прекинат со работа. Порад ова дојде до отпуштање на работници.

Брзото темпо на отпуштања е практично без преседан во поновата американска историја, иако обемот на економската штета не е точно познат. Беа потребни две години за време на Големата рецесија во периодот 2008-2009 година за 8,6 милиони луѓе да ги загубат своите работни места.

Бројни економски прогнозери велат дека американската економија веќе паднала во рецесија.

Стапката на невработеност на САД во март беше 4,4%, но таа бројка главно произлегува од податоците за вработувањата во првиот дел од месецот пред да дојде до повеќето отпуштања. Податоците за април, каде што ќе бидат опфатени и тековните отпуштања, нема да бидат објавени до почетокот на мај.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG