Линкови за пристапност

Трамп зема лек за маларија како превенција од коронавирусот


Претседателот на САД, Доналд Трамп, во понеделникот пред новинарите изјави дека зема лек против маларија како превенција од КОВИД-19.

„Го земам веќе недела и половина и сè уште сум тука“, рече Трамп за време на состанок во Белата куќа.

Претседателот објасни дека тој секојдневно комбинира хидроксихлорохин со цинк и редовно на тестирање за КОВИД-19 е негативен.

Трамп рече дека нема никакви симптоми од земање на лекот, познат по своите анти-паразитски и имуносупресивни својства.


Лекот значително го зголемува ризикот од смрт за одредени пациенти и сè уште не е докажано дека е ефикасен во лекувањето на пациенти со коронавирус во која било значајна научна студија, вклучително и во клинички испитувања.

Исто така, нема докази дека земањето на лекот може да спречи луѓето да бидат заразени од коронавирус.

„Нема да бидам повреден од тоа“, тврди Трамп. „Поминаа околу 40 години како се користи - за маларија, лупус, за други работи. Го земам. Фронталните работници го земаат. Многу лекари го земаат“.

Претседателот рече дека го замолил лекарот во Белата куќа да му препише лекот за него.

„Го земам последната недела и половина. По една таблета секој ден “, рече Трамп пред новинарите кои се собраа на тркалезна маса на претседателот со претставници на рестораните. Трамп рече дека нема никакви симптоми од земање на лекот, познат по своите анти-паразитски и имуносупресивни својства.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG