Неколку студенти во Алабама организирале таканаречени „Ковид-19“ забави, пренесува Асошиетед прес. При тоа, тие се натпреварувале кој прв ќе го добие вирусот, соопштија официјални лица.
Oрганизаторите на забавите намерно поканиле гости кои биле позитивно тестирани на КОВИД-19. Студентите собирале пари и оној што прв ќе добиел Ковид тој ќе ги добиел и парите.
Советничката во Советот на градот Тускалоса, Соња Мекинстри изјави дека студентите намерно ги организирале забавите за да се инфицираат меѓусебно со новиот коронавирус, јавуваат медиумите.
Мекинстри рече дека организаторите на забавите намерно поканиле гости кои биле позитивно тестирани на КОВИД-19. Таа рече дека студентите собирале пари и оној што прв ќе добиел Ковид тој ќе ги добиел и парите.
И началникот на противпожарната служба, Ранди Смит, во Градскиот совет во вторникот ги потврди инцидентите.
Одделот првично сметал дека се работи за гласини, но Смит рече дека по некои истражувања, официјалните лица откриле дека забавите биле вистински.
Градските власти спроведуваат истрага и работат на спречување на таквите забави.
Во Тускалоса е сместен Универзитетот на Алабама и неколку други колеџи.
Facebook Forum