Линкови за пристапност

Гувернерот на Њујорк: Најлошото помина, но рано е да се олабават мерките


Гувернерот на Њујорк денеска изјави дека „најлошото помина“ во неговата држава, дури иако бројот на смртни случаи поради коронавирус таму надмина 10.000.

„Можеме да го контролираме ширењето, тоа е добро чувство“, рече гувернерот Ендрју Куомо на брифинг за медумите. „Најлошото помина, ако продолжиме со паметни чекори“.

Куомо рече дека тој и другите регионални гувернери ќе се состанат на конференциски повик за да разговараат за координиран план.


Но, тој брзо предупреди дека тоа не значи дека е време да се олабават ограничувањата, вклучително и социјалното дистанцирање и предупреди на „несовесно“ однесување.

Бројките на хоспитализирани и на пациенти кои имаат потреба од респиратори се намалени, а трендот на нови случаи на КОВИД-19 забавува, но сепак просечно има околу 11.000 нови потврдени случаи секој ден.

Во државата Њујорк досега се потврдени 195,000 случаи на коронавирус - повеќе од Шпанија или Италија. Вистинските бројки веројатно се многу повисоки, затоа што луѓето кои чувствуваат благи или умерени симптоми за кои не е потребна хоспитализација, се советувани да останат дома и да не се тестираат.

Бројот на жртви го премина новиот праг во понеделникот, достигнувајќи 10.056 - скоро половина од сите смртни случаи на коронавирус во САД.

Куомо рече дека секој план за повторно враќање во нормала ќе вклучува постепено прераспоредување на несуштинските работници во комбинација со повеќе дијагностички тестирања и тестирања на антитела.

Куомо рече дека тој и другите регионални гувернери ќе се состанат на конференциски повик за да разговараат за координиран план.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG