Линкови за пристапност

НБА ќе ги штити играчите од Ковид-19 со помош на паметен прстен


Меѓу безбедносните мерки, Американската Национална асоцијација за кошарка (НБА) планира да им понуди на играчите, кога лигата ќе се обиде да продолжи со игра следниот месец, „паметен прстен“, кој што, според неговите производители, може да открие симптоми на КОВИД-19 пред тие да се манифестираат.

Технологијата е развиена од Институтот за невронски мрежи Рокфелер на Универзитетот во Западна Вирџинија.

Во малопродажба прстенот чини од 299 до 399 долари.


Истражувачите велат дека платформата која ја развиле следи различни здравствени индикатори како температура на телото, варијабилност на срцевиот ритам, респираторна стапка и други параметри, кои ќе се следат преку прстен што некое лице би го носело на прстот.

Без научна верификација, лекарите изјавија дека нема доволно податоци за да се знае колку добро функционира прстенот. Лекарите сметаат дека и покрај носењето на прстенот играчите треба да носат маска и да се придржуваат до мерките за заштита од вирусот.

Во малопродажба прстенот чини од 299 до 399 долари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG