Линкови за пристапност

Стравот од коронавирусот на врвот на листата на грижи во САД


Околу осум од десет Американци сметаат дека ширењето на заразните болести е главна закана, повеќе од тероризмот, нуклеарното оружје или кибернетските напади

Ширењето на заразни болести сега е на врвот на списокот на големи закани со кои се соочуваат Соединетите американски држави, по брзорастечката пандемија на коронавирусот во државата и во светот.

Во САД досега се потврдени повеќе од 580.000 случаи на КОВИД-19 и повеќе од 23.000 смртни случаи, со што државата е епицентар на пандемијата.


Според ново истражување на Центарот за истражување Пју, 79% од Американците сметаат дека заразните болести се голема закана, наспроти 73% според кои најголема закана се тероризмот и ширењето на нуклеарното оружје, додека 72% најголема закана гледаат во кибернетските напади.

Во истражувањето спроведено по телефон во текот на март биле вклучени 1.000 Американци.

Истражувањето исто така, открило дека Американците со поголема веројатност го именувале ширењето на заразни болести како најголема закана откако САД прогласија национална вонредна состојба на 13 март (84%) отколку пред тоа (73%).

Маргината на грешка се движи во границите од +/- 3,7 проценти.

Според истражувањето на Пју, 60% од Американците ја сметаат дека голема е заканата за глобалната економија.

И додека загриженоста е општо голема кај сите Американци, Пју откри дека загриженоста била најголема кај Американците со пониско образование и пониски приходи.

Според истражувањето, 86% од Американците изјавиле дека е многу важно да се соработува со други држави во борбата против ширењето на заразни болести.

Во САД досега се потврдени повеќе од 580.000 случаи на КОВИД-19 и повеќе од 23.000 смртни случаи, со што државата е епицентар на пандемијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG