Линкови за пристапност

Њујорк Тајмс: САД веруваат дека Кина помогнала во ширење лажни вести во врска со американскиот одговор на коронавирусот


Американските разузнавачки агенции заклучиле дека кинески оперативци помогнале во ширењето лажни пораки во кои се тврди дека администрацијата на Трамп планирала да наметне национално заклучување за борба против коронавирусот, пренесува Њујорк Тајмс.

Весникот ја темели својата приказна на информации од шест американски официјални претставници од шест различни агенции кои анонимно разговарале со нив.


Тајмс пишува дека пораките, кои првo се појавиле минатиот месец како пораки за мобилни телефони и за социјални медиуми, тврдат дека претседателот Доналд Трамп ќе го објави заклучувањето веднаш штом ќе бидат распоредени трупи „за да помогнат во спречување на немири“.

Пораките станаа толку раширени, што Советот за национална безбедност соопшти дека станува збор за лажни пораки.

Весникот ја темели својата приказна на информации од шест американски официјални претставници од шест различни агенции кои анонимно разговарале со нив.

Двајца од официјалните лица изјавиле дека веруваат дека пораките не ги создале кинеските оперативци, туку наместо тоа, ги засилиле постојните.

Кинеското Министерство за надворешни работи ги нарече обвиненијата „целосна глупост и дека не вреди да се демантираат“.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во интервју во четвртокот со Шон Ханити од Фокс Њуз изјави дека „Кина предизвика огромна болка, загуба на животи и сега и огромен предизвик за глобалната економија и американската економија, исто така, со тоа што не ги сподели информациите што ги имаа “

„Јас сум многу уверен дека кинеската комунистичка партија ќе ја плати цената за она што го направија тука, секако од САД“, рече Помпео.„Разговарам со деловни луѓе низ целата држава. Зборувам со обични граѓани - луѓе кои го ризикуваа својот живот во последните недели. Тие знаат дека ова е резултат на вирусот што потекнува од Вухан, Кина и знаат дека кинеската влада не ги направи работите што требаше да ги направи. Со тоа доаѓаат и трошоци.“

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG