Линкови за пристапност

ФБИ: Лицето што пукаше во конгресменот делувало само


Истрагата покажала дека 66-годишниот Џејмс Хоџкинсон не објавил никакви закани на интернет кон членови на Конгресот

Лицето што пукаше во конгресменот Стив Скалис, при напад на републикански законадвци минатата недела, реагирало само, и не објавило никакви закани на интернет кон членови на Конгресот, соошти Федералното истражно биро (ФБИ).

ФБИ изјави дека меѓу работите кои биле пронајдени кај 66-годишниот Џејмс Хоџкинсон од Илиноис, кој во тој период живеел во неговото возило во Александрија, имало лист хартија, на кој биле напишани имињата на шест членови на Конгресот. ФБИ не го откри нивните имиња

„Немаше никаква друга содржина. Но, прегледот на неговите веб страници во текот на претходните месеци, откри пребарување на двајца од тие конгресмени“, се вели во изјавата на ФБИ.

Истражителите пронашле во возилото и лаптоп, мобилен телефон и дигитална камера.

„Анализите покажаа дека Хоџкинс не објавил на интернет закани кон членови на Конгресот, или против Конгресниот безбол натпревар“, изјави ФБИ.

Хоџкинсон беше застрелан од полицијата, откако пукаше во конгресмените, за време на годишниот безбол натпревар во Александрија, Вирџинија.

Лекарите велат дека ќе биде потребен продолжен болнички третман, и рехабилитација после тоа.

Уште четворица други беа повредени при нападот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG